Моќна партија на Лидс, тимот на Марсело Биелса изгледаше супериорно во однос на ВБА, доминираше во текот на целиот меч и сосема заслужено дојде до убедливата победа.
Езгјан Алиоски според повеќето англиски медиуми беше играч на мечот, а брилијантниот перформанс го зачини и со прекрасен гол.
Првиот шок за ВБА стигна уште во деветата минута кога Сајерс си постигна автогол за водство на Лидс од 1-0.
Течеше 31. минута кога една одбиена топка дојде до Алиоски а тој со бомба ја смести во мрежата на Џонстон.
Пет минути подоцна реализираше и Харисон за 3-0, веќе беше јасно кој ќе ги освои трите бода од овој натпревар.
До крајот на првото полувреме погоди и Родриго, на одморот Лидс замина со предност од 4-0.
Во вториот дел убав гол постигна и Рафиња за конечен резултат од 5-0.