Лидс имаше уште еден импресивен настап во Премиерлигата, овој пат на гостувањето кај ВБА каде победи со 5-0. Алиоски ја имаше својата најдобра партија во Премиерлигата досега која ја зачини и со гол.
„Го знаеме нашиот стил на игра, филозофијата од тренерот, атрактивни сме, физички сме силни, можеме да трчаме, можеме да играме добар фудбал и тоа се случуваше денеска на теренот“, вели Алиоски.
„Сакавме да победиме на овој меч, трите бода ни беа навистина важни. Целта ни беше да го искористиме добриот момент од претходната победа и да триумфираме и денеска и тоа се случи“.
„Јас секој ден се обидувам да учам од мојот тренер. Секоја шанса која ми ја дава јас се обидувам да напредувам во дефанзивата бидејќи знам дека во нападот можам да дадам многу енергија и дека можам да напаѓам бидејќи сум крило, но исто така треба да учам и да се бранам“.
„Според начинот на кој играме, головите си доаѓаат автоматски. Не е важно кој постигнува голови, денеска многу играчи дадоа гол, различни играчи и тоа е убаво да се види“.
„Немаме еден играч кој постигнува само голови, сите се способни да дадат“.