Алексис Санчез во
2017 одби да го продолжи договорот со Арсенал, тоа лето пристигна понуда од
Манчестер Сити, но „топчиите“ во последен момент се откажаа од зделката.
Сепак, само
неколку месеци подоцна, Арсен Венгер немаше многу избор и го испрати Чилеанецот
во Манчестер, но во црвената половина, откако Јунајтед беше клубот кој реши да
му ги исполни барањата за плата.
„Ѓаволите“ тогаш
го направија најплатениот играч во Премиерлигата, а од документите на „Фудбал
Ликс“ можеше да се види дека тој има неделна плата од околу 391.000 фунти.
Но има и серија
бонуси како оној од 75.000 фунти за секој настап, со кој Алексис Санчез се
прослави во средата против Манчестер Сити, бидејќи ја заработи оваа сума со
само еден допир на топката за 16 минути поминати на теренот.
Му следува и
годишен бонус од 1,1 милион фунти, па доколку се направи пресметка, тој до сега
ги чини „ѓаволите“ 29,86 милиони фунти. Уште една недела и ќе ја надмине
границата од 30 милиони фунти. А ефектот кој го имаше е речиси еднаков на нула.
Тој нема одиграно цел натпревар практично цела сезона, односно од 10. август.
Во неговиот
договор има и еден бонус кој е јасно дека никогаш нема да го оствари, барем не
со игрите кои ги прикажува сега. На Алексис Санчез му биле ветени 2 милиони
фунти доколку комбинирано со погодоци и асистенции стигне до бројката од 40 во
една сезона.
Има уште два
бонуси кој исто така оваа сезона нема да ги оствари а тоа се 1 милион фунти за триумф во
Лигата на шампионите, и 500.000 фунти за триумф во Премиерлигата.