Алегри: Тешко е кога ќе загубите со четири примени гола, но целта ја остваривме

by
1 минути читање

Јувентус синоќа доживеа тежок пораз во Лондон, но Алегри не е премногу загрижен поради тоа.

„Мислам дека првото полувреме беше добро. По паузата тие продолжија да притискаат, додека ние бевме лоши при вториот и третиот погодок“, вели Алегри.

„Им дозволивме премногу корни, каде што тие се физички силни. Имавме неколку ситуации каде што требаше да реагираме подобро. Разочарувачки е кога ќе примите четири гола, но целта ја остваривме и сега мора да мислиме на натпреварот во сабота против Аталанта“.

„Имаше моменти кога премногу евтино ја дававме топката со тоа што се обидувавме премногу брзо да додавме отколку да ја држиме топката. Тоа често ни се случува, треба да работиме на тоа бидејќи не можете да го правите тоа против актуелните шампиони во Европа“.

„Тимот не изгледаше лошо во првото полувреме, но по вториот и третиот гол ја загубивме самодовербата“.

„Во секој случај квалификувани сме за следната фаза во Лигата на шампионите и можеме да се фокусираме на нашиот следен меч“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×