Алегри се враќа во Јувентус, тимот ќе го гради околу Дибала, за Роналдо нема место?!

by
1 минути читање

Макс Алегри во 2019
доби отказ од Јувентус, стратегот сметаше дека се потребни големи промени во
составот, раководството мислеше дека се доволни две-три нови имиња, па по
состанокот со Андреа Ањели, пристигна вест дека стратегот добил отказ.

Иако неговото име
се поврзуваше со голем број на клубови, Макс Алегри не најде нов клуб а
последните информации велат дека тој летоска би можел да се врати на кормилото
на „старата дама“.

Неколку извори од
Италија пренесуваат дека Макс Алегри е кандидат за наследник на Андреа Пирло,
кој сигурно нема да продолжи доколку Јувентус остане без настап во Лигата на
шампиони.

Газета дело Спорт
пишува дека раководството на Јувентус сега го гледа Макс Алегри како правиот
човек кој ќе го врати клубот на победнички патеки.

Весникот додава
дека евентуално враќање на стратегот ќе значи и големи промени во составот
,
најверојатно ќе замине Кристијано
Роналдо
, a тимот ќе се гради
околу Пауло Дибала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×