Алегри потврди дека Роналдо заминува и порача: Животот продолжува, Јувентус е поголем од сите!

by
1 минути читање

Пристигна официјална
потврда на она што се пишуваше изминативе денови, Кристијано Роналдо става крај
на авантурата во Јувентус. Макс Алегри на денешната прес конференција потврди
дека ЦР7 заминува од Торино.

„Разговарав
синоќа со Роналдо и тој ми кажа дека нема намера да остане. Денеска не
тренираше и нема да добие повик за дуелот со Емполи. Не сум разочаран, сака да
го напушти Јувентус и донесе одлука. Даде голем допринос изминативе три години,
но животот продолжува. Ова е нормално, си заминаа играчи како Сивори, Платини,
Дел Пјеро, Буфон… сите големи шампиони, но Јувентус остана, клубот е поголем
од сите“
– вели Макс Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×