Алегри: Победивме натпревар во кој 35 минути грешевме во секој аспект!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан извојува голема победа во дербито со Рома со минимални 1-0, во натпревар во кој не блескаше, но сепак го доби најважното, а тоа беа трите бода. Херој на „росонерите“ беше дефанзивецот Страхиња Павловиќ, кој го постигна единствениот гол на мечот.

Тренерот Масимилијано Алегри по натпреварот призна дека Милан не одиграл на очекуваното ниво, но беше задоволен што тимот успеал да победи и покрај слабата партија.

На стартот 35 минути Рома апсолутно заслужи да води, бидејќи ние се што можеше да направиме го направивме погрешно. Не одговоривме на притисокот на гостинот и навистина се мачевме да најдеме простор за игра. По водството подобро се организиравме во одбраната, а во средниот ред успеавме да оформиме линија од четири играчи.

Во вториот дел излеговме на терен со вистински став, имавме и шанси да постигнеме втор гол, а потоа Рома тргна во нова офанзива. Имаа и пенал што не го искористија и на крајот успеавме да славиме, а тоа е она што е најважно. Иако на претходните натпревари имавме проблем во второ полувреме, овојпат токму во овој дел од мечот изгледавме далеку подобро на теренот“, изјави тренерот Алегри.

Со овој триумф Милан се израмни со Интер и Рома на второто место со по 21 бод, само еден помалку од лидерот Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×