Алегри открива, Артур задоцнил на тренинг па нема да игра против Венеција

by
1 минути читање

Јувентус утре гостува на Венеција, но Артур нема да патува со тимот бидејќи задоцнил.

„Тоа ќе биде комплициран натпревар, Венеција постигна многу голови дома/ Мора да ги почитуваме и да влеземе со вистинскиот менталитет. Нема да биде лесно, теренот изгледа помал, и ниту еден од нашите фудбалер со исклучок на Кјелини и јас пред многу години, не играл таму“, вели Алегри.

„Мекени тренираше одделно од остатокот од тимот, од следната недела ќе се приклучи на останатите“.

„Ремзи се уште е во аут. Артур немаше среќа утринава, задоцни на тренинг, па нема да биде повикан за натпреварот“.

„Не е убаво да задоцните на ден пред натпреварот, па тој нема да патува со тимот. Вакви работи се случуваат. Тој ќе се врати на тренинг од вторник“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×