Алегри не знае зошто Роналдо се предомислил и додава: Само тие што сакаат да останат ќе бидат тука

by
1 минути читање

Макс Алегри на денешната
прес конференција соопшти дека ЦР7 изразил желба да замине од Јувентус. Кога
стратегот минатата недела се појави пред новинарите, рече дека Кристијано
Роналдо останува, па сега беше запрашан што се променилo во изминативе седум
дена, и дали влијаело тоа што напаѓачот беше резерва против Удинезе.

„Мислам дека тоа
што беше на клупата против Удинезе нема никаква врска. Во саботата го известив
дека ќе почне на клупата, ми одговори дека го прифаќа мојот избор и дека ќе
остане. Но трансфер пазарот е непредвидлив, ситуацијата се промени и мораме да
ја прифатиме. Само тие што сакаат да останат ќе бидат тука“
– вели тренерот.

Кристијано
Роналдо изминативе три сезони постигна преку 80 погодоци во Серија А, па Алегри
беше запрашан дали ќе може да биде надополнето ова.

„Роналдо е голем
шампион му посакувам се најдобро, можеме само да му се заблагодариме. Другите
играчи сега ќе треба да истапат и да ги надополнат головите, играчи како
Дибала, Мората, Кулушевски, Киеза, Мекини, Рабио и Бернардески“.

Запрашан кој играч
ќе биде донесен како наследник на ЦР7, Алегри вели: „Има уште три-четири дена
од трансфер пазарот. Доколку најдеме фудбалер кој може да го подобри составот,
ќе го ангажираме. Во спротивно, никој нема да пристигне. Кин беше дел од
Јувентус, но тој сеге игра за друг клуб и нема да зборувам за конкретни имиња“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×