Алегри: Ме удри некој од клупата на Интер

by
2 минути читање

Јувентус за првпат по 2010-2011 заврши една сезона без освоен трофеј откако синоќа загуби од Интер во финалето од Купот на Италија.

Во текот на судиските продолженија Алегри беше исклучен од игра по еден дуел со асистентот на Инзаги, Масимилиано Фарис.

„Некој од клупата на Интер ме удри. Станав лут и судијата со право ме исклучи. И да се дознае што се случуваше, ништо нема да се промени. Ние треба само да му честитаме на Интер за победата“, вели Алегри.

„Не освоивме ниту еден трофеј оваа сезона, таа лутина треба да ја чуваме за следната сезона  кога мора да им се вратиме на освојувањата“.

„Одигравме добро, но не успеавме, имавме и фудбалери кои не беа комплетно фит и направија се што можат. Разочарувачки е, но можеме само да бидеме благодарни за нивното залагање“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани