Алегри лут на Јувентус, не му ги донеле играчи кои ги побарал

by
1 минути читање

Макс Алегри ова
лето се врати во Јувентус откако експериментот со Андреа Пирло во сезоната
2020/21 не беше успешен. Но стартот на сезоната не оди според планот, „старата
дама“ освои само еден бод од два меча а си замина и Кристијано Роналдо, кој
беше најдобар поединец изминативе години.

Последните информации
велат дека Макс Алегри е лут на претседателот Андреа Ањели и спортскиот
директор Федерико Керубини. Проблем е настапот на трансфер пазарот, стратегот го
известил раководството дека едно се договориле кога го превземал кормилото, а сосема
друго било сработено во преодниот рок.

Се шпекулира дека
Макс Алегри побарал ангажман на „реџиста“ и Миралем Пјаниќ требал да се врати
во Торино. Стратегот исто така е разочаран што не бил купен Мауро Икарди, кој
требал да биде засилување за нападот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×