232
Сегашниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик би требало да стане нов селектор на Германија, па Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб.
„СпортМедиасет“ тврди дека Баерн Минхен го идентификувале Алегри како можен наследник на Флик.
Досега се веруваше дека Јулијан Нагелсман е прв пик на Баварците, сепак италијанските медиуми тврдат дека Алегри е фаворит.
Алегри по две години пауза се очекува да и се врати на работата од идната сезона.