Алегри: Интер се уште е фаворит за Скудетото, до вечерва…

by
1 минути читање

Интер има серија од лоши резултати во последен период поради што падна на третата позиција на табелата. Имаат шест бодови зад Милан кој е лидер, но и меч помалку. 

Јувентус има само еден бод помалку од Интер, Алегри се надева дека вечерва ќе имаат два повеќе од нивниот ривал.

„Интер се уште се фаворити за Скудетото, најмалку до вечерва…“, вели Алегри.

„Јасно е дека Милан игра многу добро, исто и Наполи, и мислам дека Скудетото ќе го освои некој од тие три клуба“.

„Нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите. Има уште многу бодови за освојување и мора да останеме фокусирани“.

Ова е прв меч по репрезентативната пауза, дел од играчите на Интер и Јувентус се враќаат разочарани откако не успеаа да изборат пласман на Светското првенство.

„За среќа, ова е дерби па самото тоа ги подготвува фудбалерите психолошки. Немам потреба дополнително да ги мотивирам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×