Посебен момент на вчерашниот меч беше враќањето на Душан Влаховиќ во Фиренца за првпат откако ја напушти Фиорентина.
Српскиот фудбалер не дојде до израз, одлично беше чуван од своите довчерашни играчи.
„Влаховиќ е многу добар тимски играч, сега имаме повеќе поврзаност меѓу средниот ред и напаѓачите, па тоа е добро. Но важно е тој да се движи наоколу и да биде понепредвидлив, наједноставната и најтешката работа во фудбалот е да го избегнеш маркирањето“, вели Алегри.
Тој има совет и за Артур Мело од кој побара да се ослободува побрзо од топката.
„Артур беше во аут во првиот дел од сезоната, тој има квалитет, но треба малку побрзо да се ослободува од топката. Многу е комфорен со топката, премногу е релаксиран“.