Алегри: Добар резултат, лош перформанс

by
1 минути читање

Јувентус ја оствари целта, ги освои трите бода од гостувањето кај Зенит, победи со 1-0 со гол на Кулушевски во 86. минута.

„Ова беа важни бодови за нас, не беше лесно бидејќи Зенит одлично се бранеше а ние правевме многу грешки во последната третина. Многу бевме бавни и дозволивме многу шутеви кон нашиот гол од контра напади бидејќи ја губевме топката многу често“, вели Алегри.

„Требаше подобро да го контролираме мечот отако поведовме со 1-0. Ова не беше добар перформанс, но дојдодвме до резултат кој не става во добра позиција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани