Албанија во проблеми пред мечот со Англија: Одлагање би донело катастрофални консеквенции

by
2 минути читање

Англија во недела
гостува во Тирана, меѓутоа домаќинот Албанија се соочува со организациски
проблеми во пресрет на мечот од на квалификациите за Светското првенство идната
година.

Овој натпревар на
некој начин е под ризик да биде одложен, и тоа најмногу поради фактот што домаќинот
се соочува со проблеми околу недостаток на полициски службеници со што би се
гарантирала безбедноста за обата тима.

За ова веќе се
одзваа од куќата на фудбалот во Албанија, а во соопштението објавено до
тамошните медиуми се вели дека безбедноста на обете селекции не може да биде
гарантирана, а од таму додаваат и дека одложување на мечот би донело
катастрофални консеквенции.

Денеска во Фудбалската
Федерација на Албанија пристигна писмо од локалната полициск
a дирекција во кое се посочува дека
полициските структури на Тирана не можат да гарантираат преземање на сите
одговорности кои се наведени според планот, пред, како и по мечот помеѓу
Албанија и Англија
“ стои во соопштението, алудирајќи на тоа дека има недостаток на полициски службеници.

Соочени со оваа
ситуација каде локалните власти не се во можност да одговорат на нашите барања,
односно по нашето барање да се овозможи простор на периметар од Националната
фудбалска арена, ние побаравме брз одговор на овие структури, а евентуално
одложување на натпреварот би имал катастрофални консеквенции за имиџот на
државата, националниот фудбалски состав, како и генерално албанскиот фудбал

додаваат од Фудбалската федерација на Албанија.

Мечот во Тирана е
предвиден да се одигра без присуство на публика, иако од тамошната куќа на
фудбалот побараа на „Еир Албанија“ да има 30% гледачи од вкупниот капацитет на
арената, односно близу 6,500 гледачи, што категорично беше одбиено од страна на
премиерот на државата, Еди Рама.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани