По шест сезони поминати во Наполи, Албанецот Елсеид Хисај направи трансфер во Лацио каде дојде како слободен играч.
Пракса во фудбалските клубови е кога некој нов фудбалер ќе дојде, треба да пее песна по свој избор, тоа обично се случува за време на ручек или вечера кога сите играчи се собрани во една просторија.
Хисај се ереши да ја пее партизанската песна „Бела Чао“ која е за ослободувањето на Италија од фашизмот на Бенито Мусолини. Но Лацио не е вистинскиот клуб каде треба да се пее оваа песна.
Голем дел од навивачите на Лацио се поддржувачи на фашизмот во Италија, а такви се и дел од нивните легенди како Паоло Ди Канио кој заработуваше и казни поради фашистички поздрави кон трибините.
Изборот на песната предизвика лавина од реакции меѓу навивачите на Лацио кои го поддржуваат фашизмот.
Ќе биде необично ако Хисај во денешно време треба да им се извинува затоа што пеел песна против фашизмот.
“Hysaj”:
Perché per presentarsi ai nuovi compagni della Lazio ha deciso di intonare Bella Ciaopic.twitter.com/ca44tky5ft— Perché è in tendenza? (@perchetendenza) July 18, 2021