Ал Наср му нуди пари на Брозовиќ за порано да замине!

by 24 фудбал
1 минути читање

Богатите газди на саудиските клубови фрлаа милиони за звучни засилувања од Европа, но дел од тие трансфери се претворија во големи промашувања. Еден од најгласните е оној на Марсело Брозовиќ.

Хрватот минатото лето пристигна во Ал Наср од Интер за 15 милиони евра, а на тоа доби и бонус од 25 милиони долари само за потпис на договорот. Сепак, искусниот играч за врска не ги оправда очекувањата и ретко кога беше на нивото што клубот го посакуваше, па сега раководството на Ал Наср бара начин да се раздели со него.

Брозовиќ има уште една година од договорот, а Саудијците се подготвени да му дадат 9 милиони долари само за да си замине порано. Проблемот е што Хрватот има загарантирани 25 милиони долари за последната сезона, па останува да се види дали ќе ја прифати оваа „испратница“ или ќе реши да остане во клубот, иако можеби ќе добие место само на клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани