Ал-Келаифи: Можев да го земам чекот за Суперлигата вреден 400 милиони евра

by
1 минути читање

Првиот човек на
ПСЖ, Насер Ал-Келаифи призна дека на ПСЖ му било понудено да биде дел од
Европската Суперлига, проект кој уште не започнат пропадна најпрво поради
откажувањето на англиските гиганти по огромниот притисок на Островот.

Можев да го
земам чекот за Суперлигата вреден 400 милиони евра
“ рече Ал-Келаифи за „ББЦ“.

Тие ме поканија,
а откако јас категорично ја отфрлив таа идеја и ги одбив, тогаш почнаа да
тврдат дека не ме поканиле во тоа натпреварување
“ додаде тој.

Проблемот со
клубовите од предвидената Суперлига е тоа што немаат стабилност, немаат
финансиска визија за подолг рок, тие се уште зборуваат за нивниот договор
помеѓу самите клубови за Суперлигата, а тоа што го забораваат е фактот дека
фудбалот е социјален контакт, а не правен контакт, постојано маваат со
документите во своите раце
“ подвлече Ал-Келаифи кој не крие дека имал средба и
со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез пред осминафиналето од Лигата
на шампионите, каде Парижаните беа елиминирани.

Флорентино
разговараше со мене на оваа тема, ми рече дека мораме да најдеме појдовна точка
од каде би го почнале разговорот, бев искрен со него, среќен поради разговорот,
но доколку тој сака да работи зад мој грб, тогаш не сум заинтересиран за разговор
“ порача
првиот човек на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×