Ал-Келаифи: Барса посакуваше да го врати Нејмар, но дали и тој го сакаше истото? Не!

by
1 минути читање

Претседателот на
францускиот вицепрвак ПСЖ, Насер Ал-Келаифи откри за јавноста дека постои
контакт со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, за ангажман на Аргентинецот,
меѓутоа додаде и дека Каталонците постојано се обидувале да го вратат назад во
тимот Нејмар.

Му реков на
Лапорта дека Меси е кон крајот на својот договор, како и тоа дека сите клубови
имаат право да разговараат со него
“ изјави тој за „Л
Екип“.

Сите големи
фудбалери сакаат да дојдат во ПСЖ, а јас тоа го велам за работите да бидат
јасни за сите, не само да коментирам околу Меси
“ додаде тој, а потоа нагласи и
дека Каталонците постојано сакале да го вратат Нејмар.

Барселона
секогаш посакуваше да го врати Нејмар назад во тимот, меѓутоа дали Нејмар го
сакаше истото? Не
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×