Ако не можат мажите – можат дамите: Фудбалерките на Арсенал ја освоија Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Додека машкиот тим на Арсенал повторно остана краток во трката за титули, навивачите на клубот конечно добија причина за вистинско славје и тоа благодарение на женскиот состав, кој се искачи на врвот на Европа.

„Топчиите“ во машка конкуренција завршија како второпласирани во Премиер-лигата, а од Лигата на шампионите беа елиминирани во полуфиналето од моќниот ПСЖ. Но, трофејот што недостижеше оваа сезона го донесоа фудбалерките на Арсенал, кои приредија изненадување во финалето од Лигата на шампионите.

На натпреварот одигран во португалска Брага, лондонскиот состав успеа да ја совлада силната Барселона со 1:0, и тоа по вистинска борба на теренот. Каталонките, инаку двократни европски шампионки и важечки фаворити, наидоа на дисциплиниран и мотивиран Арсенал, кој им ја скрати секоја офанзивна идеја.

Хероина на натпреварот беше Стина Блекстениус, која во второто полувреме ја искористи својата шанса и ја затресе мрежата на Барселона. Тој погодок се покажа како доволен за освојување на престижниот трофеј и прва европска титула за женскиот тим на Арсенал.

Arsenal [1]-0 Barcelona – Stina Blackstenius 74′
byu/Delmer9713 insoccer

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани