288
Мбапе засега ги одбива понудите за нов договор со ПСЖ, напаѓачот сака нов предизвик, го преферира Реал Мадрид.
ПСЖ ако не успее да го убеди Мбапе да потпише нов договор, ќе мора да го продаде летово за да не ризикува тој по крајот на идната сезона да замине како слободен фудбалер.
„Телефут“ информира дека доколку Мбапе си оди, ПСЖ е подготвен да инвестира во Хари Кејн и Мохамед Салах.
Голема е веројатноста дека и Икарди ќе си оди, па двајцата напаѓачи од Премиерлигата не би биле премногу за тимот на Покетино.