Ако луѓето може да одат во кино и театар, можат и на стадион да гледаат фудбал

by
1 минути читање

Наскоро треба да почнат да се отвараат театрите и кината во Италија но и во другите земји. Тие ќе работат по посебни протиколи со значително помал капацитет бидејќи луѓето внатре ќе треба да бидат на пропишана одалеченост. Можеби меѓу нив ќе треба да има две-три празни столчиња.

Италијанските виролози не гледаат причина зошто да не може на тој начин да присуствува и публика на стадионите.

„Доколку кината и театрите се отворат со неопходната мерка за одалеченост, тогаш јасно е дека и стадионите можат да го прават истото по тој протокол“, вели професорот Матео Басети.

„Некои од италијанските стадиони навистина имаат можност да ги држат луѓето на одалеченост. Се надевам дека наскоро ќе се вратиме во нормала, и ќе почнеме да зборуваме за други работи кои не се поврзани со Ковид-19“.

„Се сложувам со тоа дека вирусот ослабнува, факт за тоа е клиничката евиденција, а оние кои не критикуваат нас нека направат една тура по болниците“.

„Луѓето кои беа хоспитализирани пред неколку недели беа практично мртви кога доаѓаа, сега поновите случаи кога ќе дојдат во болница за некое време прашуваат кога можат да си одат дома“.

„Коронавирусите од минатото тогаш мутираа во типови на инфлуенца, и не сакам да давам лажна надеж, но можно е и овој вирус исто така да се адаптирал и сега сме поспособни да се браниме против него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×