242
Германскиот фудбалер, Флоријан Вирц летово пристигна на „Енфилд“ од Баер Леверкузен како големо засилување, сепак засега неговите настапи се далеку од она што го очекуваа навивачите.
Неговата ситуација сега ја коментираше поранешниот англиски дефанзивец, Џолен Лескот кој истакна дека Ливерпул треба да си ги врати вложените пари во него, ако може.
„Ако Ливерпул може да ги врати парите кои ги вложи во него на крајот од сезоната, треба да го направи тоа“, изјави Лескот.
За услугите на Вирц, Ливерпул летово плати сума од 117.5 милиони евра, но досега во Премиер лигата Германецот има само една асистенции, додека на првенецот во најсилната англиска конкуренција уште чека.