Академија Пандев
одново во големото финале од националниот фудбалски куп откако денеска славеше
на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 1-3 во првата полуфинална
пресметка.
Ферати во 15
минута донесе почетно водство за „Пандевци“, но домаќините преку Ајрулаху во 31
минута израмнија на 1-1 и со тој резултат се замина на паузата.
Во второто
полувреме по само десет минути игра Радески биеше успешно во ударот од белата
точка за ново водство, овој пат од 1-2 за Академија Пандев, за истиот играч во
самиот финиш одново од пенал да ја потврди победата од 1-3.
Со тоа Академија
Пандев влезе во финалната пресметка за одбрана на куп трофејот, од причина што
истиот трофеј го освои пред две сезони, а минатата сезона натпреварувањето беше
прекинато поради пандемијата од коронавирусот.
За утре е
предвидена и втората полуфинална пресметка каде силите ќе ги одмерат Струга
Трим Љум и Силекс.
Фото-вест: ФК Академија Пандев (архива, Facebook)