Академија Пандев му се одмазди на Работнички за снежниот пораз

by
1 минути читање

Неодамна Работнички во снежни улови ја победи Академија Пандев во Струмица, а сега дојде реваншот, Струмичани денеска ги освоија трите бода.

Работнички и Академија Пандев одиграа добар натпревар со повеќе шанси, два гола и промашен пенал.

Марио Крстовски во 12. минута и Кристијан Велиновски во 77. минута беа стрелците на головите за Академија Пандев.

Прелчец е трагичар во составот на Работнички, пред крајот на првото полувреме не реализираше пенал, а погоди и пречка.

Со оваа победа Академија Пандев се искачи ина деветата позиција, но останатите мечеви од колото се играат утре.

Утре од 15 часот играат: Борец – Беласица, Македонија ЃП – Силекс, Шкендија – Пелистер, Шкупи – Вардар, Струга ТЛ – Ренова.

Фото: ФК Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани