Ајнтрахт го провоцира Баерн пред почетокот на сезоната: Кој е тој Мане?

by
1 минути читање

Во петок стартува
новата сезона од Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт го пречекува актуелниот
шампион Баерн во воведниот меч.

Во пресрет на натпреварот,
првиот човек на „орлите“ реши да испрати провокација до ривалот од Минхен.

„Кој е тој Мане?
Исто така, ние секогаш релативно добро сме се носеле со Баерн и кога Роберт
Левандовски беше во Минхен“
– рече претседателот на Ајнтрахт Франкфурт, Петер
Фишер.

Тој потоа порача
дека само се шегувал, бил навивач на Ливерпул па добро знаел какви се
квалитетите на Садио Мане.

„Сите знаат каква
е мојата пасија кон Ливерпул, затоа кажав и на англиски (
Who the fuck is
Mane?), на шала. Знам дека тој е навистина
добар напаѓач и големо засилување за првенството“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани