2,1K
Имено, клубот им соопшти на навивачите дека во иднина нема да смеат да внесуваат банери со натписи со кои бараат подарување на дрес од одредени фудбалери.
Клубот смета дека со овој тренд фудбалерите добиваат негативен публицитет. Причината е тоа што се поголем број вакви барања се појавуваат на трибините, фудбалерите не можат да одговорат на сите, па поради тоа често знаат да бидат наречени арогантни или некултурни.
Со цел да се избегнат овие ситуации, Ајакс им забранува на фановите во иднина да влегуваат со натписи за барање на дресови.