Ајакс и Аталанта во директен дуел ќе решаваат кој ќе продолжи во ЛШ, а кој ќе игра во ЛЕ

by
1 минути читање

Аталанта е на второто место со осум бодови, Ајакс е трет со седум, денешниот меѓусебен дуел се игра во Амстердам.

Ајакс ќе мора да атакува на триумф, на Аталанта и е доволен и бод за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Тој што нема да успее да продолжи во елитното натпреварување, има загарантирано место во Лига Европа бидејќи Митјиланд има освоено само бод досега и веќе ги загуби шансите за третата позиција.

Од 18:55 покрај натпреварите Ајакс – Аталанта и Митјиланд – Ливерпул, ќе се игра и мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир кој беше прекинат синоќа поради расистички испад на четвртиот судија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×