Агуеро тврди дека би потпишал за Барселона дури и да знаел дека Меси ќе си замине

by
1 минути читање

Се чинеше дека
адаптацијата на Серхио Агуеро во Барселона не оди според планот, а најмногу
поради фактот што неговиот близок пријател си замина и потпиша за ПСЖ, како и
да е, напаѓачот го тврди токму спротивното, би потпишал за Каталонците дури и
да знаел дека Меси ќе си замине.

Да, без никакво
сомнение во тоа
“ рече Агуеро во изјавата за „Мундо Депортиво“ запрашан дали ќе
се приклучел на Каталонците доколку знаел дека Меси нема да остане.

За името на овој
клуб многу фудбалери би се откажале од своите плати само за да дојдат тука, а
доколку клубот се подобри на финансиски план, во тој случај претпоставувам дека
ќе ги награди помладите, а не мене, јас веќе имам години зад себе, дојдов во
Барселона без разлика на актуелната ситуација во клубот
“ додаде Аргентинецот.

Веднаш штом
започнаа разговорите со Барселона јас знаев дека од финансиски аспект нема да
имам голема добивка, но му реков на мојот агент дека воопшто не се грижам за
тоа, едноставно сакав да потпишам за Барселона, секој фудбалер го посакува тоа

подвлече Агуеро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×