Агуеро се огласи по ужасниот обид за „паненка“

by
1 минути читање

Кун Агуеро
денеска се избрука за сите пари откако во финишот од првото полувреме имаше
ужасен обид за „паненка“ против Челси и пропушти да донесе предност од 2-0.

На крајот овој
потег на напаѓачот му се удри од глава на Манчестер Сити, „сините“ дадоа два
гола во второто полувреме и си заминаа од „Етихад“ со триумф од 1-2.

Аргентинецот е
свесен дека го оштети својот клуб, па веднаш се огласи на социјалните мрежи и им
се извини на соиграчите, тренерскиот персонал и навивачите.

„Сакам да им се
извинам на соиграчите, тренерскиот персонал и навивачите за промашениот пенал.
Тоа беше лоша одлука и превземам целосна одговорност“
– напиша Кун Агуеро на
социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×