452
Откако беше
соопштено дека Лео Меси нема да продолжи со Барселона, се појавија гласини дека
Кун Агуеро сака да замине од Камп Ноу. Наводно напаѓачот им дал инструкции на
неговите адвокати убаво да го прелистаат договорот, да ги прегледаат сите
клаузули и да најдат начин за раскинување на соработката.
Кун Агуеро во
меѓувреме им порача на фановите да не се грижат, и дека оваа сезона ќе игра во
дресот на Барселона.
Сепак, медиумите
продолжуваат да пишуваат дека има „случај Агуеро“, во петокот имало средба
помеѓу лидерите на Барса и агентите на Аргентинецот, а новинарот Сике Родригез
вели: „Агуеро сака да замине беспари, доколку не му дозволат, ќе глуми дека е
повреден“.