311
Кун Агуеро треба
да биде првото, или едно од првите засилувања за Барса за новата сезона. По
настапот со Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампиони, напаѓачот синоќа
пристигна во Барселона.
Но пред да ги
направи редовните лекарски прегледи, напаѓачот утрово заминал на детални
прегледи на коленото. Кун Агуеро пред нешто повеќе од една година го оперираше
левото колено, и изминатиов период имаше доста проблеми.
„Каталонците“ се
ексртремно внимателни и сакаат да се осигураат дека се е во ред со
Аргентинецот. Се верува дека Кун Агуеро и Барса си имаат подадено рака за
двегодишна соработка.