287
Кун Агуеро е прво засилување за Барса за новата сезона. Аргентинецот синоќа пристигна во Барселона, утрово направи детални тестови на левото колено, и откако лекарскиот тим на „каталонците“ даде зелено светло, пристигна и официјална потврда.
„Барселона и Серхио Агуеро постигнаа договор за играчот да сe пресели на Камп Ноу на 1. јули откако ќе му заврши договорот со Манчестер Сити“ – гласеше известувањето.
„Играчот ќе стави потпис на договор до крајот на сезоната 2022/23 и ќе добие откупна клаузула од 100 милиони евра“.
Барса исто така брифираше дека Кун Агуеро утре ќе биде промовиран како нов играч и ќе се појави на прес-конференција.