Агуеро можел да остане во Премиерлигата, откри таткото на напаѓачот кој упати „отровна стрела“ кон Гвардиола

by
1 минути читање

Таткото на Серхио
Агуеро открива дека Арсенал и Челси биле сериозни во намерата да го ангажираат
искусниот напаѓач откако тој по истекот на договорот со Манчестер Сити се
пресели во Барселона.

„Тој е среќен
откако потпиша за Барселона, го гледам тоа во него, тој не знаеше што ќе се
случи со неговата иднина, постоеа неколку клубови кои беа заинтересирани за
него, а до последната минута пријавуваа интерес Арсенал и Челси, а доколку не
останеше во Англија, другите опции ќе беа Италија или Шпанија“ вели Леонел Дел
Кастиљо за „Радио Ла Ред“.

Серхио е
пријател со Лионел Меси од своја 15 годишна возраст, постојано беа во контакт,
се чини дека Меси ќе остане во Барселона, така тие ќе имаат можност да играат
заедно на теренот
“ додаде тој, со тоа што за јавноста придонесе за уште една
вест, во вид на претпоставка, дека Меси ќе остане на „Камп Ноу“..

Освен што ги
откри тие детали, тој воедно упати критика до Пеп Гвардиола поради тоа што,
како што и самиот вели, третманот на тренерот кон неговиот син, а не му верува ниту на солзите на тренерот за разделбата со напаѓачот.

Не му верувам на Гвардиола, никогаш не го сакал Серхио, тој никогаш не
го третирал убаво, ниту него, ниту пак неговите браќа, Гвардиола е
навистина одличен тренер, меѓутоа од еден ден на друг тој поинаку ги третира
фудбалерите, никогаш не знаете дали ќе бидете стартер или не, постојано велеше
дека Серхио е незаменлив, а не го вметнуваше во составот
“ нагласи Леонел Дел
Кастиљо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×