Денеска Агуеро го комплетираше трансферот во Барселона, на Камп Ноу дојде како слободен играч.
„Му благодарам на Лапорта и на сите кои овозможија да дојдам тука. Ќе му помогнам на тимот да освојува големи работи. Од дете сонувам да заиграм за Барселона, а тука е и Лео Меси“, вели Агуеро.
„Не е моја работа иднината на Меси, но мислам дека тој ќе продолжи тука и ќе играме заедно. Гордост и задоволство ми е да играм со него. Со Лео комуницирам секој ден“.
„Со исклучок на последната сезона во Сити, имав девет многу добри сезони и му помагав на тимот да освојува титули. Последната година имав проблеми со коленото и не можев да го дадам максимумот, но потоа се чувствував добро и коленото сега ми е во перфектна состојба. Сега треба да го покажам тоа тука“.
„Гвардиола ми рече дека одам во најдобриот тим во светот“.