91
Во 40. минута од синоќешниот натпревар против Алавес, Агуеро побарал да биде заменет откако почувствувал болки во градите и потешкотии во дишењето.
Тој веднаш беше префрлен во болница, а тестовите покажале аритмија, односно неправилно отчкување на срцето.
На Агуеро ќе му бидат направени подетални тестови за да се утврди причината за тоа. Се вели дека тој и пред десет дена имал аритмија.
Во моментов фудбалерот на Барса се чувствува добро, но веројатно нема да настапи на следните натпревари се додека точно не се утврди неговата здравствена состојба.