Агуеро им подарил часовници на сите луѓе од персоналот на Сити, најсреќниот добил и Рејнџ Ровер од 40.000 фунти (ФОТО)

by
1 минути читање

По десет години
поминати на „Етихад“, Кун Агуеро стави крај на авантурата во Премиерлигата и
синоќа беше промовиран како ново засилување на Барселона.

Медиумите од
„островото“ сега пренесуваат дека Аргентинецот бил прилично дарежлив кон
персоналот на Манчестер Сити. Сите добиле часовници од марката Таг Хојер или Убло
кои вредат најмалку 1.000 фунти и имало посвета, било изгравирано „Благодарам! Кун
Агуеро“
.

Била организирана
и лотарија, а најсреќниот добил автомобил Рејнџ Ровер вреден околу 40.000
фунти.

Кун Агуеро исто
така оставил значително висока сума на пари во купчето кое два пати во годината
се дели на помошниот персонал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани