Серхио Агуеро е
убеден во намерата да не го официјализира трансферот во Барселона додека не
дознае дали првата ѕвезда на Каталонците, како и негов сонародник Лионел Меси,
ќе остане во тој клуб.
Агуеро си
заминува од Манчестер Сити како слободен играч на трансфер пазарот, се
најавуваше дека медицинските прегледи се закажани за во понеделник, само два
дена по финалето во Лигата на шампионите.
Меѓутоа, „Мундо
Депортиво“ тврди дека зелено светло од страна на искусниот напаѓач за тој
трансфер ќе се добие само во моментот кога ќе биде позната иднината на Меси.
Старо-новиот
претседател на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека преговорите со Меси за
продолжување на соработката се одвиваат во добра насока, меѓутоа се уште нема
постигнато договор помеѓу обете страни.