Серхио Агуеро е
во преговори со националната фудбалска федерација на Аргентина за да се
приклучи на стручниот штаб на селекторот Лионел Скалони, а сето тоа во пресрет
на Светското првенство.
Агуеро се соочи
со непријатност за време на еден меч за Барселона откако имаше аритмија, а шест
седмици потоа објави дека мора да се повлече од професионалното играње фудбал
на 33 годишна возраст поради одредени проблеми со срцето.
Поранешниот напаѓач
нема да игра на четвртиот Мундијал во неговата кариера, но се надева дека ќе
има можност да им помогне на „Гаучосите“ во една поинаква позиција, а тоа е да
биде дел од стручниот штаб на Скалони.
„Сакам да одам на
Светското првенство, разговарав со Скалони, тој ми се јави, момците се супер,
ќе имаме средба оваа седмица и ќе видиме што може да се договориме“ рече
Агуеро.