Агентот на Влаховиќ објасни зошто Србинот го одби Арсенал и го одбра Јувентус

by
0 минути читање

Арсенал сериозно
загриза за Душан Влаховиќ овој месец, „топчиите“ неколку пати тропнаа на вратата
на Фиорентина, но Србинот не сакаше да слушне за трансфер во Северен Лондон.

Кога Јувентус
тргна во офанзива, за кратко време беше постигнат договор и напаѓачот денеска треба
да потпише со „старата дама“.

Новинарите кои ги
следат лекарските прегледи на Душан Влаховиќ и од лице место известуваат за
трансферот, пренесуваат краток коментар на агентот на напаѓачот на прашањето
зошто го одбиле Арсенал.

„Јеве е Јуве“
гласел одговорот на Дарко Ристиќ, кој појаснил дека биле привлечени од шармот
на „старата дама“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×