Манчестер
јунајтед не бил расположен ниту да дискутира на темата за евентуално заминување
на Дони ван де Бек од клубот во летниот преоден рок, открива агентот на
Холанѓанецот, а се верува дека Оле Гунар Солшер го блокирал трансферот на
фудбалерот во Евертон.
„Постоеше голем
интерес од Италија, Германија, Англија, а сето тоа изгледаше добро, но потребна
ви е соработката со клубот, се чинеше дека тоа ќе се случи, меѓутоа до тоа не
дојде…“ рече Гудо Алберс во изјавата за „Фудбал Интернационал“.
„Разочаран сум,
меѓутоа истовремено и постои некоја надеж за него, надеж дека конечно ќе ја
добие посакуваната шанса, дека ќе ги добие посакуваните минути, сево ова ќе
биде јасно во периодот кој претстои“ додаде тој.
„Дони доби
ветувања околу сето тоа, а ние дојдовме до конечен договор со клубот, ја имаме
довербата во нив дека конечно сето тоа ќе се реализира во периодот кој претстои“
заклучи агентот.