Агентот на Андреа
Пирло инсистира на тоа дека неговиот клиент дал максимум од себе за резултати
во Јувентус, а навести и дека е можно да се случат преговори со Барселона.
„Од моја гледна
точка тој стори се’ што
можеше, ја освои Копа Италија, како и италијанскиот Суперкуп, а сето тоа во
неговата прва година како тренер на таа екипа“ рече Тулио Тинти во изјавата за
„Тутомеркатовеб“.
На шпекулациите
за тоа дека 42 годишниот Пирло е пред нов голем ангажман, а во период кога во
Барселона е можно да се случи промена на клупата каде во моментов тренер е
Роналд Куман, агентот негира дека во моментов постојат преговори со одредени клубови,
но не ја отфрла можноста тоа се случи.
„Во моментов не
постојат никакви преговори, меѓутоа ништо не се знае, можно е да се случат
одредени преговори во периодот кој претстои“ додаде тој.