Агентот на Пандев откри каде нашиот капитен ќе ја заврши кариерата, проговори и за иднината на Ристовски

by
2 минути читање

Лео Корси,
агентот на капитенот на нашиот најсилен национален фудбалски состав, Горан
Пандев, во интервју за „Тутомеркатовеб“ говореше за иднината на
35 годишниот фудбалер, каде стави јасно
дознаење дека Струмичанецот има само една желба за тоа каде ќе ја заврши
својата кариера.

Пандев кариерата
ќе ја заврши во Џенова, тој се здоби со италијанско државјанство, сега е
Италијанец во секој можен аспект, во Џенова тој гледа како на свој втор дом, имаше
одлични сезони, едноставно не сака да сопре (се смее)
“ рече Корси, кој даде и
коментар за Струмичанецот, кого го оцени за лидер на теренот.

Тој е посебен,
тивок, технички лидер, ајде да кажам слободно дека е мошне паметно момче,
секогаш претставувал еден добар пример, пример дури и во исклучително тешки и
комплицирани ситуации
“ додаде Корси, кој инаку му е агент и на Стефан
Ристовски.

27 годишниот бек
има важечки договор со Спортинг Лисабон до 2022. година, се избори да добие
статус на стартер во редовите на португалскиот гигант, а италијанскиот агент
најави средба со претставниците на тој клуб за да се издејствува нов договор на
Македонецот кој една година е во редовите на тимот од португалската
престолнина.

Стефан Ристовски
постави рампа во Спортинг, тој со своите игри обезбеди статус на стартер, тој е
фудбалер кој одлично се адаптираше во Лисабон, а тој град премногу го сака.
Наскоро ќе мораме да разговараме уште еднаш околу неговата иднина, ние би
сакале да продолжиме со Спортинг Лисабон, постои интерес за неговите услуги, меѓутоа
Спортинг Лисабон е првата опција
“ посочи Корси. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани