Менаџерот на нашиот
капитен, Леонардо Корси јавно порача дека во нашата земја постојат голем број
фудбалски таленти, меѓутоа тој категорично дава еден вид препорака за нашите
фудбалски власти дека е потребно одредено подобрување во некоја сфера за сиот
талент да излезе на виделина, воедно препораката негова оди и на адреса на
нашите фудбалски таленти во земјава.
„Талентот во
Македонија постои, и тоа во голема мера, тој талент е во ДНК на сите словенски
земји, можеби им недостасуваше одредено ниво на организација, правилна и
професионална исхрана, правилен пристап во сиот процес, но, од тоа што јас можам
категорично да го потврдам од моите посети во Македонија и лични искуства,
дефинитивно има многу таленти во таа земја“ вели Корси кој потоа ја наведе 20
годишната ѕвезда на Јувентус, Дејан Кулушевски кој има родители со потекло од
Македонија, па иако настапуваше за нашите помлади репрезентации, се реши во
иднина да го носи дресот на Шведска.
„Во таа репрезентација
се Барди, член на Леванте, тука се воедно и Несторовски, Трајковски, Стефан
Ристовски… сите играле или играат во Италија, доволно е само да погледнете од каде е Кулушевски
кој настапува за Јувентус за да се уверите во талентот кој постои во таа земја,
тој е Македонец, без оглед на тоа што игра за Шведска“ додаде италијанскиот
фудбалски менаџер.
Фото-вест:
Петр Стојановски (ффм, архива)