Сергеј Милинковиќ
Савиќ често е дел од трансфер шпекулациите, Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер
јунајтед и ПСЖ се дел од клубовите со кои Србинот се поврзуваше во минатото, но
Лацио не се откажува лесно од неговите услуги.
Сепак, неговиот
агент вели дека само прашање на време е кога ќе се случи трансфер.
„Со сета почит
кон Лацио, морам да кажам дека Сергеј е играч за голем клуб во иднина. Сигурен
сум дека наскоро ќе дојде време за нови соништа и нова авантура“ – вели Матеја
Кежман.
„Во минатото
имавме неколку сериозни преговори со Јувентус, но на крајот ништо не се сличи,
не пронајдовме заеднички јазик“.
„Јувентус и
натаму е голем клуб и на секој играч би му била чест да игра за „стара дама“.
Ќе видиме што ќе се случи“.