599
Ерлинг Халанд и
натаму е во центарот на вниманието на трансфер пазарот, особено поради фактот
што во неговиот актуелен договор со Борусија Дортмунд за идното лето има
откупна клаузула во висина од 75 милиони евра.
Сепак, според
зборовите на агентот на фудбалерот на Баерн Минхен, Тони Крос, трансферот на
Халанд би чинел до 300 милиони евра.
„Халанд има
откупна клаузула“ вели Вокер Струт.
„Целосниот пакет
со петгодишен договор и платата со истиот, како и делот за агентот би чинел
околу 250 до 300 милиони евра“ смета тој.
Струт подвлече и
дека Баерн Минхен дури и во случај да ги има парите, нема да го ангажира
Халанд.