Агентот на Хакими и Мартинез: Сите фудбалери имаат цена, цела Европа го виде неверојатниот Интер

by
1 минути читање

Ашраф Хакими и
Лаутаро Мартинез би можеле да ги следат стапките на нивниот довчерашен тренер
во Интер, Антонио Конте, односно да си заминат од составот на „Нероаѕурите“ ова
лето, со тоа што нивниот агент сугестира на тоа дека сите фудбалери си имаат
своја цена, односно Интер би ги продал за вистинската.

„Сите фудбалери
имаат цена, а јас верувам дека цела Европа ја виде таа победничка игра на Интер
со освојување на титулата во Италија, со самото тоа сите фудбалери на таа екипа
ќе бидат земени во предвид
“ рече агентот на двоецот, Алехандро Камано во
изјавата за „Телеломбардија“.

Не постои ништо
конкретно околу Хакими, засега не сум разговарал со ниту еден клуб, а верувам
дека иста е ситуацијата и со Интер, ова е навистина тежок период општо за
фудбалот, со оглед на тешката економска ситуација во која се наоѓаат самите
клубови
“ додаде агентот.

Не е лесно да се
извлечете од оваа комплицирана ситуација поради кризата предизвикана од
ковид-19, сметам дека денеска не е возможно да се издвои нешто конкретно за тоа
кој ќе си замине од Интер за клубот да ги реши финансиските проблеми
“ заклучи
тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×