Агентот на Елмас тврди: Наполи има дијамант, Елиф вреди 30-40 милиони евра

by
1 минути читање

Елмас го постигна победничкиот гол за Македонија против Германија и повторно го навлече вниманието на себе.

„Ова е голем момент за Македонија. Тие пред неколку месеци се квалификуваа на ЕП, а сега ја победија Германија“, вели агентот Гарди.

„Изненадување е. Елмас и Пандев сега се национални херои. Елмас чувствува дека станува еден од лидерите во националниот тим, секогаш игра добро“.

„Тој најмногу ужива да игра по левата страна. Може да игра на многу позиции, но мислам дека тоа што постојано му ги менуваат позициите во Наполи не му помага“.

„Кога Елмас дојде во Наполи, тогаш имаше друг тренер. Сега е форсиран надвор од својата позиција во систем 4-2-3-1, дури и во ваква ситуација тој секогаш игра одлично“.

„Мислам дека Наполи има дијамант. Мла фудбалер, лидер во неговиот национален тим кој често постигнува голови. Играч како него вреди 30-40 милиони евра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани