Агентот на Диавара: Мурињо создава непријатна ситуација

by
1 минути читање

Диавара зааедно со Борха Мајорал, Гонзало Виљар и Брајан Рејнолдс остануваат казнети од Мурињо и нема да бидат дел ниту од утрешниот меч против Каљари.

„Не ја разбирам пораката која сака да ја прати Мурињо“, вели агентот на Диавара, Даниеле Пираино.

„Дали Диавара е жртвено јагне? Дали плаќа голема казна за една грешка? Или дали ова е обид да го форсира клубот за да биде активен на транфер пазарот?“.

„Доколку нешто од ова е причината, а не лоша форма, или тој да мисли дека играчот не може да ги разбере тактичките задачи од тренерот, тогаш Мурињо создава непријатна ситуација“.

„Не можам да сфатам, но Диавара ќе се прилагоди. Амаду е исклучителен професионалец“.

Диавара беше ставен на трансфер пазарот и летото, имаше интерес од клубови од Премиерлигата, но не дојде до договор. Голема е веројатноста дека ќе биде продаден во јануари или по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани